Двата задолжителни пензиски фонда, НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво, моментно бројат околу 280.000 осигуреници и располагаат со 224 милиони евра заштеда или, според проценките, колку една солидна средна банка во земјава. За четири години, велат проекциите, овие средства ќе пораснат 300 отсто и ќе достигнат над 600 милиони евра, а за 25 години ќе надминат 100 проценти од бруто домашниот производ. Во доброволните пензиски фондови, пак, има околу 8.790 членови и релативно скромна заштеда, околу 60 милиони денари, нешто под еден милион евра. Средствата од пензиските фондови се повеќе се инвестираат во странство, но не и во домашната економија. Првата задача сме ја завршиле успешно. Пензиските фондови функционираат, преживеаја една криза, се опоравија, но секогаш останува предизвикот континуирано да се размислува за дизајнот и перспективите на реформираниот пензиски систем, зашто токму тој треба да обезбеди долгорочна стабилност и сигурност, односно пензии во некој иден период.
Двата задолжителни пензиски фонда, НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво, моментно бројат околу 280.000 осигуреници и располагаат со 224 милиони евра заштеда или, според проценките, колку една солидна средна банка во земјава.
За четири години, велат проекциите, овие средства ќе пораснат 300 отсто и ќе достигнат над 600 милиони евра, а за 25 години ќе надминат 100 проценти од бруто домашниот производ. Овие податоци беа истакнати на вчерашната тематска прес-конференција во Стопанската комора на Македонија "Како до поквалитетно вложување од пензиските фондови".
Во доброволните пензиски фондови, пак, има околу 8.790 членови и релативно скромна заштеда, околу 60 милиони денари, нешто под еден милион евра.
Средствата од пензиските фондови се повеќе се инвестираат во странство, но не и во домашната економија.
- Првата задача сме ја завршиле успешно. Пензиските фондови функционираат, преживеаја една криза, се опоравија, но секогаш останува предизвикот континуирано да се размислува за дизајнот и перспективите на реформираниот пензиски систем, зашто токму тој треба да обезбеди долгорочна стабилност и сигурност, односно пензии во некој иден период - истакна Мира Шекутковска од НЛБ Нов пензиски фонд.
Таа смета дека стапката на осигуреници во задолжителните фондови е ниска, само 13 отсто во однос на вкупниот број жители во државата, што е последица на краткиот период од пет години од реформирањето на пензискиот систем. Поради тоа, смета таа, во Македонија се уште е ниско нивото на едуцираност за пензискиот систем воопшто, посебно за пазарите на капитал.
Во збирното портфолио на двата фонда доминираат обврзниците на државата - 53 отсто, потоа депозитите во банкарскиот сектор - 31 процент, инвестиците во домашни акционерски друштва се 3,2 отсто, а во странство се инвестирани 11 отсто.
Како што нагласи Јанко Тренковски од КБ Прво пензиско друштво, пензиските фондови се главни вложувачи во подолгорочни хартии од вредност, но такви, од две, пет или 10 години, засега, издадени од Република Македонија на домашниот пазар, нема.
- Пензиските фондови активно инвестираат во домашниот пазар за акции. Законската регулатива се измени и во иднина се очекува инвестирање на пензиските фондови во акции на компании во кои досега не можеше да се вложува. Тоа се компании на друштва со посебни обврски за известување во рамки на редовниот пазар како Телеком, Прилепска пивара, ОКТА, Стопанска банка, Унибанка... Чекаме дополнителна регултива, подзаконски акти, за да се стартува со инвестици и во овие акции. Тоа е веќе дозволено - рече Тренковски.